Промени во Деловната политика на Форевер Ефективни од 1 септември 2017

Како трудољубиви сопственици на Форевер бизнис и посветени новус клиенти, вие не сте само неразделен дел од нашата компанија, туку сте и членови на семејството на Форевер. Ете затоа секогаш бараме начини да ве поттикнеме преку усовршување на можноста за бизнис и начинот на работа. Тоа вклучува периодично ревидирање на маркетинг планот и Деловната политика, за да се увериме дека секое правило ги наградува праведно и ефективно нашите партнери кои посветено го градат својот Форевер бизнис.


Од 1 септември ќе влезат во сила неколку промени во Деловната политика кои ќе продолжат да им помагаат на Форевер бизнисите во светот да се развиваат успешно. Ве советуваме да ги прочитате внимателно и ако имате прашања да се поврзете со канцеларијата на Форевер Македонија на тел.: 02 2465 846 или на мејл flp@t-home.mk. Целиот текст на обновената Деловна политика ќе биде публикуван на нашиот сајт на 4 август, не пропуштајте да се запознаете подетално и со него.




4.01 Новус клиенти не можат да спонзорираат


Новус клиентите не можат да спонзорираат други, ниту пак можат да продаваат преку веб-страницата на компанијата.


П: Зошто политиката се менува и сега не им дозволува на Новус клиентите да спонзорираат други?


О: Новус клиент е лице кое купува производи по намалена цена; и како такви треба да се класифицираат заедно со клиенти на мало како „не-учеснички“ крајни потрошувачи на нашите производи. Тие не се учесници во маркетинг планот на компанијата и затоа не треба да им се понуди можност да спонзорираат додека не станат Асистент Супервизори. СФБ се сметаат за „учесници“ во маркетинг планот, бидејќи тие можат да добијат надомест за продажба на производи на мало и Новус клиенти, како и бонуси за спонзорирање и обука на СФБ да го сторат истото. Ова подобрување на политиката правилно го става Новус клиентот во групата потрошувачи кои не учествуваат.


П: Што се случува со актуелните Новус клиенти кои веќе имаат спонзорирано други?


О: Новус Клиентите кои имаат спонзорирано други нема да изгубат ниту еден од нивните спонзорирани пред спроведување на политиката. Сепак, тие нема да можат да спонзорираат дополнително, сѐ додека не се квалификуваат за купување по цени на големо (-30%).



4.02 Шестмесечна политика за новус клиенти


Новус клиентот кој не направил порачка за шест целосни календарски месеци ќе биде автоматски отстранет од базата на податоци на компанијата.


П: Дали Новус клиентите ќе добијат известување или предупредување пред да бидат отстранети од базата на податоци?


О: Да, тие ќе добијат имејл пред нивното отстранување од системот.


П: Дали поранешен Новус клиент може повторно да се вклучи под било кој спонзор?


О: Да.


П: Дали поранешен Новус клиент подлежи на политика за повторно спонзорирање?


О: Не, тие ќе можат повторно да се спонзорираат веднаш откако ќе бидат отстанети од базата на податоци.





4.05 36-месечна политика


СФБ кои не направиле купување во 36 последователни календарски месеци ќе бидат автоматски отстранети од базата на податоци на компанијата.


П: Дали поранешен СФБ кој е отстранет од системот согласно 36- месечната политика, може повторно да се вклучи под било кој спонзор?


О: Да.


П: Што се постигнува со оваа промена?


О: СФБ кои не купиле ништо во тек на 36 месеци докажале со нивната неактивност дека имаатмал интерес за производите или за можноста што Форевер ја предлага. Тие едноставно се додаваат на вкупниот број на СФБ во нашата база на податоци.


П: Дали СФБ ќе добијат известување или предупредување пред да бидат отстранети од базата на податоци?


О: Да, тие ќе добијат имејл пред нивното отстранување од системот.


П: Ако СФБ се отстранети од базата на податоци, дали има период на чекање пред да можат повторно да се спонзорираат?


О: Не. Тие можат веднаш да се спонзорираат, но без враќање на претходното ниво во маркетинг планот или нивната претходна мрежа надолу.



6.05 12-месечна политика за лидерски бонус


Менаџер кој не е квалификуван за лидерски бонус 12 последователни месеци, трајно ќе ги загуби сите Менаџерски линии надолу во мрежата. Сите линии на Менаџерите од мрежата надолу ќе станат прва генерација наследени Менаџери на следниот квалификуван Менаџер за лидерски бонус во нивната мрежа нагоре. Ако Менаџерот не е квалификуван 11 месеци за Лидерски бонус, може да го искористи 12-от месец како свој 1 месец од 3-месечниот период за повторна квалификација и нема да ги изгуби своите Менаџерски линии од мрежата надолу.


П: Што се постигнува со оваа промена?


О: Менаџерите кои не се квалификуваат за Лидерски Бонус во текот на 12 месеци не се обидуваат да изградат бизнис вреден за Лидерски Бонус. Многу пати, кога тоа ќе се случи, Менаџерите од мрежата нагоре влегуваат во изградба и поддршка на мрежата на не-квалификуваниот Менаџер, само за да откријат дека кога таа линија станува значајна, Менаџерот купува 12 бода секој месец за да ги „впие“ лидерските бонуси . Така, Менаџерите од мрежата нагоре не се справедливо компензирани за нивниот напор. Ова ќе помогне да се спречи практиката на „впивање“ лидерски бонуси.


П: Што ако Менаџерот кој ги изгубил долните Менаџерски линии, развива друга линија на иден Менаџер?


О: Доколку развијат идна линија на Менаџер, тие ќе можат да се квалификуваат за Лидерски бонус за таа нова линија на Менаџер. Меѓутоа, ако имаат друг период од 12 месеци кога нема да се квалификуваат за Лидерски бонус, во секое време по развојот на новата линија на Менаџер, ќе ја изгубат и таа линија.



14.01 12-месечна политика за повторно спонзорирање


Регистриран СФБ може да го смени својот Спонзор по 12 месеци неактивност.


П: Минималното време за повторно спонзорирањ е намалено од 24 на 12 месеци. Зошто?


О: Се чувствува дека доколку СФБ се целосно неактивни 12 месеци и сакаат да започнат со нова линија, тоа е индикацијадека претходнатамрежа нагоре посветуваламалку или никакво внимание на нивниот раст во компанијата. Чекањето на СФБ од 24 месеци пред да бидат повторно спонзорирани изгледаше премногу долго за да го одржат нивниот интерес и ентузијазам. За да се биде фер кон оригиналната мрежа нагоре, задржан е период од 12 месеци за да им обезбеди време да работат со нивните СФБ и да ги вклопат како ценети членови на нивната мрежа.


П: Дали ова важи и за избришаните СФБ?


О: Да.


П: Ако СФБ повторно се спонзорира по 12-месечниот период, дали ќе се врати неговата претходна активност и мрежа?


О: Не, СФБ повторно спонзориран по 12-месечниот период, започнува од ниво Новус клиент.


Ве советуваме да ги прочитате внимателно и ако имате прашања да се поврзете со канцеларијата на Форевер Македонија на тел.: 02 2465 846 или на мејл flp@t-home.mk

Поврзани производи