КАЛОРИИТЕ НЕ СЕ КАЛОРИИ

Од Фитнес тренерот и експерт нутриционист, Џејк Којл

Научна верзија: верувам дека загубата на мастите и тежината е во директна зависност од постојано регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Дури и ако некој внесува помалку калории, но постојано консумира обработена храна или пченкарен сируп богат со фруктоза, тешко дека ќе ослабне! Кога телото ќе почувствува дека има премногу гликоза во крвотокот, панкреасот реагира и веднаш произведува инсулин кој е одговорен за транспорт на гликозата и претворање во масни наслаги. Вистинскиот проблем не е едноставно сценарио за складирање масти кој се јавува секогаш кога ви се зголемува нивото на шеќер во крвта. Коренот на проблемот е во хормонското влијание кое се појавува кога постојано се зголемува нивото на шеќер во крвта. Поединецот кој е на нискокалорична диета, но постојано има зголемено ниво на шеќер во крвта, се случува да има потиснати нивоа на глукагон и други хормони кои имаат значајна улога во загубата на масти. Уште поважно, човекот кој е на диета и има зголемено ниво на шеќер во крвта, се случува да има зголемено ниво на липопротеинот липаза и други хормони кои го поттикнуваат создавањето масти, и оневозможуваат мастите да се истопат за време на физички вежби. Најлошо од се, многу луѓе кои се борат со тежината во текот на многу години, трајно го оштетувааат својот панкреас! Кога телото има континуирано зголемување на нивото на шеќер во крвта, со време, чувствителноста на шеќер станува клучна во постигањето на загубата на тежината и подобрување на здравјето. Главен заклучок:сум работел со илјадници луѓе кои се обидуваат да ја намалат тежината и не внесуваат голема количина калории. Во поголемиот број вакви случаи, тие ги прескокнуваат оброците, јадат многу празни калории и постојано го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Типично, овие кандидати за намалување на тежината сите свои калории ги внесуваат во период од 4-6 часа, а во останатиот период гладуваат. Ако вашата цел е 1400 калории за да ја намалите тежината и тие калории ги консумирате помеѓу 16 и 20 часот, мислите ли дека ќе има резултати? Не, најверојатно ќе нема. Верувам дека создавањето на совршена внатрешна средина со внесување на здрави и балансирани оброци, 4-6 пати на ден, добро распределени во текот на денот (и без зголемување на шеќерот во крвта) е најздравиот начин за да се трансформира човечкото тело. Да се стигне до вашата цел не е врвна наука, и ВЕТУВАМ, не бара да јадете по 100 калории во оброк, да го слушате д-р Оз или да читате илјадници книги за диета. Клучот е вашето тело да ги добие потребните протеини, необработени јаглени хидрати и многу многу свеж зеленчук. Секогаш поставувајте си го ова важно прашање: Дали човек го направил ова? Ако е така, ви препорачувам да го јадете што поретко.

Поврзани производи