ДЕН ВО ЖИВОТОТ НА ФОРЕВЕР АЛОЕ ВЕРА ГЕЛОТ®

Сите го препознаваат познатото жолто шише!

Дали некогаш сте се запрашале како се произведува и пакува Форевер Алое вера гелот? Алое Вера од Америка (АВА) е горда да ви покаже како се прави и тестира еден од нашите омилени производи! Стабилизираниот, суров алое гел е пред-обработен и стабилизиран во фабриката во Мишн, Тексас пред да биде донесен во АВА во Далас. Во АВА, суровиот гел поминува низ серија тестирања во лабораторијата за Контрола на квалитетот за да се осигура дека гелот го има највисокиот потребен квалитет. Откако ќе се одобри суровиот гел, почнува вистинската магија! Гелот се носи во одделот за обработка каде се меша со другите состојки за да се создаде формулата на Форевер Алое Вера гелот. Кога ќе заврши процесот на обработка, примероци од него се носат на евалуација во Лабораторијата за контрола на квалитетот. Откако производот ќе биде евалуиран и пратен за пакување, трансферот се прави со посебна транспортна линија само за оваа намена од контејнерите за мешање кои се специјално дизајнирани за да го одржат квалитетот на производот за време на транспортот. Празните жолти шишиња за гелот се носат на стерилизација, и систематски се отстрануваат оштетените. Следно, секое шише добива свој код и датум на траење за да се осигура дека ќе може да бидат следени во текот на транспортот и употребата низ целиот свет. Шишињата поминуваат и низ механичка проверка за да се осигура дека на нив се испечатени сите потребни информации пред да бидат пратени на миење. По миењето, секое шише влегува во станицата за полнење. Линијата за полнење е лоцирана во ХЕПА, од каде секое наполнето шише се запечатува. Потоа, се проверува тежината на секое шише со помош на автоматизиран систем. Наполнетите шишиња потоа се транспортираат до ладилникот каде им се регулира температурата пред да бидат запечатени. Следно, шишињата минуваат низ системот со рентгенски зраци и се пакуваат во кутии. Потоа, се проверува тежината на секоја кутија за да се осигура дека го содржи точниот број шишиња, а потоа се ставаат во палети со помош на робот. Кога ќе заврши процесот на пакување, примероци од крајниот производ се носат во лабораторијата за Контрола на квалитетот за да се направи последното тестирање пред да бидат пуштени во продажба. Откако ќе заврши тестирањето, почнува дистрибуцијата на производот. За време на процесот на производство се прават вкупно 158 тестирања на квалитетот на гелот. Производството на Форевер Алое Вера гелот е доведено до совршенство со најсовремена опрема, пакување и квалификуван персонал кој постојано работи на задржувањето на највисокиот квалитетет по кој е познат Форевер! Горди сме да кажеме дека ги одржуваме највисоките стандарди во нашата индустрија, бидејќи ги тестираме сите компоненти на нашите производи во секој чекор од процесот на производство. Квалитетниот АВА процес. Како дополнување на процесот за контрола на квалитетот специфичен за секој одделен производ, се прават и дополнителни контроли на квалитетот од страна на Алое Вера Америка. Од проверка на тежината на секоја состојка ставена во контејнерот за мешање, па се до крајниот производ. Процесот на производство се врши со следење на одобрен сет од инструкции за да се осигура дека секој чекор е спроведен правилно и се задоволени сите стандарди на квалитетот. Ова помага да бидеме сигурни дека Форевер производите секогаш се произведуваат на идентичен начин. Другите проверки, како што е потврдување на квалитетот на опремата и алатките кои се користат во производството, како и нивното чистење и стерилизација се од суштинско значење, се тестираат и суровите материјали пред да бидат одобрени и префрлени во процесот на производство.

Поврзани производи