НАЈНОВА ТЕХНОЛОГИЈА - ПОСЛЕДНИТЕ НОВОСТИ НА АВА

Џим Богус ви дава поглед во АВА

Џим Богус, менаџерот за производство во Алое Вера Америка (АВА) е одговорен за составот и мешањето на Форевер производите и нивното пакување. Ако Алое Вера Америка беа фабрика за чоколада, ќе го викавме Вили Вонка. „Толку многу ги сакам производите, затоа што знам што има во нив. Се чувствувам одлично што на моето семејство можам да му дадам производи за чиј квалитет сум 100% сигурен. Исто така, сакам кога сум најдобар во нешто... Тоа што го произведуваме во АВА им помага на илјадници луѓе локално и на милиони низ светот. Чувството е неројатно и многу сум горд со тоа што го работам.“ Последниот проект на Џим, инсталирањето на платформата ВМИ е една од најголемите инвестиции на АВА во процесот на производство на нашите производи и на беспрекорните производи на Соња козметика. Всушност, Џим вели: „Ова е врвна опрема и технологија во козметиката и производите за домаќинство. Исто така е нагјолемата и најнапредна технологија во поглед на дизајнот и капацитетот во целиот свет.“ На кратко, тој споредува дека го имаме „Ролс Ројс“ од опремата за мешање во АВА! Тој работел со врвни инженерски компании за да произведе соодветна опрема за мешање и пакување, чие подобрување чинело 5,5, милиони долари. „Техниката за мешање има три типа на мешалки вградени во контејнерот, така што можеме да бидеме сигурни дека ниту една состојка нема да остане на дното. Во основа, суровите материјали ги ставаме директно во контејнерот, затоа нема потреба за дополнителна обработка на производот, односно нема секундарен процес. Се се случува во еден контејнер. „Ова е навистина возбудлива технологија, но што точно претставува? АВА сега ќе може многу побрзо да ги подготвува своите производи! На пример, ако беа потребни 24 часа за да се произведе едно шише од нашиот Алое МПД, сега ќе бидат потребни само осум часа! Форевер Ливинг Продуктс е подготвен да направи ваква голема инвестиција затоа што сакаме и во следните 30, 50, па и 100 години да го задржиме најдобриот квалитет, да го имаме најбезбедниот и најефикасен производ на пазарот денес. Други компании му имаат кажано на Џим дека нашата опрема за мешање и пакување е најдобрата што ја виделе во светот. Џим со гордост вели: „Безбедност, квалитет и ефикасност, тоа се нашите приоритети, а ВМИ платформата е најдобра за тоа. Нашите потрошувачи и сопственици на Форевер бизнис можат да бидат сигурни дека ја имаме најдобрата опрема. Форевер ќе ја измени индустријата. Не е прашање дали ќе направиме нешто или не, туку кога ќе го направиме!“ Ова е само краток поглед во тоа што се случуа во АВА. Останете со нас за да дознаете повеќе за најновата технологија, и да ви дадеме уште повеќе причини зошто да бидете сигурни дека ги дистрибуирате најквалитетните производи на глобалниот пазар денес.

Поврзани производи