„МОЈОТ ЖИВОТ ИЗГЛЕДА ПРЕМНОГУ ДОБАР ЗА ДА БИДЕ ВИСТИНИТ“

Успехот на бизнисот на Ема и Шон Купер беше брз како ветерница, во најмала рака. Ни се придружија во декември 2013, и парот брзо стигна до нивото Сафир Менаџер– феноменално постигнување за помалку од 18 месеци. Тие ни откриваат како бизнисот ги измени не само нивните животи, туку и нивното семејство.

За многу сопственици на Форевер бизнис, Форевер нуди шанса да го намалат стресот кој го имаат на нивната моментална работа и да добијат можност за нешто пофлексибилно, а со поголем приход. За Ема и Шон Купер, дефинитивно беше така. Ема работеше како полицаец во полицијата во Манчестер кога дозна за Форевер. Нејзиниот сопруг Шон, кого го запознала на работа, исто така бил полицаец во специјална единица. Пред да се приклучи на полицијата, Ема често страдала од анксиозност и депресија. Вработувањето во полиција било големо постигнување за неа и многу ја усреќило. „Кратко време ми беше добро“, објаснува таа, „но потоа, неколку пати бев многу лошо навредена и кога две полицајки Никола Хуџес и Фиона Боне, биле застрелани и убиени на должност во септември 2012, тоа многу ме потресе“. Тие не ми беа пријателки, но работевме во ист оддел. Тоа беа само две девојки кои отишле на работа еден ден, но веќе не се вратиле кај своите семесјтва. Тоа многу ме потресе и сфатив каква е всушност мојата работа.“ Ема почнала да размислува што друго ќе може да работи и нејзината анксиозност почнала да се враќа. Била во 30-тата недела од бременоста со нејзиниот син Вилијам, кога почнала да работи со Форебер бизнис. „Пред повеќе години ми беше понудена оваа работа, но не беше вистинскиот момент“, се потсетува. Но, со мислата дека ќе треба да го одгледува семејството додека и таа и Шон имаат ризични животи во полицијата, сосема ја сменила нејзината перспектива за животот решила да се приклучи на СФБ. Инстинктите на Ема и помогнале да не донесе избрзана одлука. „Го истражував потеклото на компанијата, затоа што како полицаец бев многу скептична, и ми изгледаше премногу добро за да биде вистинито. Но, знаете ли што? Мојот живот сега изгледа премногу добар за да биде вистина Затоа, мило ми е што ја прифатив работава“, вели таа. И Шон се сомневаше во нејзината одлука кога му рекла дека додека е бремена сака да ги прекинат нивните кариери во полицијата. „Почна да ми зборува за концептот на работа на Форевер и ми покажа маркетинг план- кој веднаш ми остана во глава“, се смее тој. „Но како полицаец, не верував во ништо додека не видам како функционира.“. По четири месеци, Ема почна да заработува четирипати повеќе од платата што ја имаше како полицаец, а по девет месеци можеше да даде отказ во полицијата. Кратко по неа, и Шон го направил истото. Денес, Шон и Ема се горди со својата одлука и гледаат храбро во иднината на своето семејство. „Кога станавме членови на сопственици на Форевер бизнис, тоа беше најдобриот ден во нашите животи“, вели Шон. Оваа работа ни овозможни да му дадеме прекрасен живот на Вилијам и не направи посигурни во себе и во нашите верувања, вели таа. Кога стигнавме до нивото Менаџер Сафир, тоа ги зацврсти нашите верувања, и тоа им покажало на Шон и Ема колку е цврста врската со Форевер. „Кога стигнав до нивотот Сафир, мислев дека нема да има голема разлика, но очиглено не беше така“, вели Ема. „Кога го проверивме чекот за бонусот, откривме дека имаме 10500 фунти повеќе од претходиот месец, што значи дека со Форевер за еден месец заработив повеќе од едногодишна плата во полицијата, а тоа е сосема лудо, зарем не?“ На почетокто, успехот на Ема и изгледал нереално, дури и на нивното семејство и пријателите, толку што својата сметка во банка и ја покажала на нејзината сестра Никола за да ја увери дека овој бизнис навистина го дава тоа што го ветува. „Мислев дека тоа е нешто лажно и краткотрајно“, вели Никола, која сега е Менаџер во Форевер. „Ги гледав четири месеци. Тогаш Ема ми ја покажа нејзината сметка во банка и нејзиниот чек од Форевер беше колку неколку плати од полицијата. Непотребно е да се каже дека таа и нејзиниот сопруг Дерил веднаш се придружиле на Форевер. За Никола е лесно да го води овој бизнис бидејќи веќе има своја интернет компанија, Бони и Перл. Својата компанија ја лансирала на традиционален начин, а тоа барало многу инвестиции и ангажман од 50 часа неделно. Но сега како Менаџер, може да ги собира наградите за нејзиниот труд. „Ги исплативме сите наши долгови и добивме бонус кој го искористивме како заштеда за нашиот син Џошуа. Се преселивме во нов дом во кој уживаме, а често одиме на патувања и скијање, без да размислуваме за трошоците“, вели Никола. Можноста да работи со своето семејство е уште една голема придобивка за Никола, бидејќи ја има поддршката на Ема и Шон, и нејзиниот помлад брат Кајл, кој исто така е Менаџер. „Работиме заедно како тим, и понекогаш постојано сме заедно“, вели таа. Нејзиниот брат Кајл е графички дизајнер кој работел по шест дена во неделата пред да се придружи на Форевер. „Постојано сум на телефон со Ема, ги споделуваме нашите успешни приказни и таа ме советува“, вели тој. Во последните 18 месеци, кој брзо ми поминаа, ова семејство со радост ја очекува иднината. Кајл и Никола сега се на менаџерско ниво, и одат напред кон успехот во Форевер. „Бонусите се феноменални и ти помагаат да се фокусираш“, вели Никола. „Главна цел ми е годинава да им помогнам на повеќе луѓе да стигнат до нивото Менаџер Орел во декември. Ние сме едно големо семејство и работиме заедно, прославата во Грција ќе биде неверојатна“.