Forever Move – вратете ја младешката подвижност

Замислете дека можете да се движите слободно – без никакви ограничувања. Способноста  да се движиме е нешто што често го земаме здраво за готово,  но во суштина е нешто повеќе од едноставно активирање на мускулите и зглобовите. Движењето без ограничување ви дозволува да забрзате кон вашите цели.



Знаеме дека физичката состојба влијае до голем степен врз останатите аспекти од вашиот живот – личен, професионален, социјален и емоционален. Токму од оваа идеја и нашата филозофија изградена врз нејзина основа, се роди мотото „Изгледај подобро. Чувствувај се подобро“.


Затоа го развивме Forever Move – уникатна природна комбинација од две моќни состојки, за поддршка на мускулите и зглобовите, која нема да ја најдете никаде на друго место во светот.



Одамна знаеме дека глукозаминот и хондроитинот им помагаат на зглобовите и мускулите, но сакавме уште нешто. Баравме нешто кое брзо дејствува и има клинички проучувани резултати. Затоа го извлековме најдоброто од науката и од природата и создадовме комбинација со потврден ефект по само 7-10 дена. Потврдено е дека таа е дури пет пати поефикасна од глукозаминот и хондроитинот!


Мембраната на лушпата од јајцето, наречена NEM®, претставува природна состојка која се извлекува од храна и му доставува на телото хондроитин, хиалуронска киселина, глукозаминогликани и колаген. Таа е добро проучена и многу авангардна – придонесува за поголема амплитуда на движење, ја подобрува општата состојба на зглобовите и нивната подвижност, ја поддржува `рскавицата, ја намалува вкочанетоста и го потпомага брзото закрепнување по спортувањето. Кој би помислил дека таква состојка може да биде толку моќна?


На ова додадовме уште една патентирана состојка – куркумин, но во многу специјална форма, наречена BioCurc®, која користи специјална технологија за емулгирање. Отсекогаш куркумата е позната со нејзините својства да ги поддржува зглобовите и да ги зајакнува антиоксидантните способности на телото, но патентираниот процес ја зголемува нејзината биорасположливост со 200%. Така организмот максимално ја апсорбира и искористува.


Знаеме дека природата изобилува со благотворни средства и бескрајно сме благодарни што науката нѝ помага да ги извлечеме и усовршиме точно овие состојки за создавањето на нашиот нов и уникатен производ.


Движете сѐ со Forever Move!