Тајните на успехот

Брзото пребарување на Гугл на „тајните на успехот“ речиси веднаш дава 93 милиони резултати. Што во патешествијата на другите кон успехот ја буди нашата желба да дознаеме нешто повеќе за нив? Повеќето од резултатите во пребарувачот ќе ви кажат дека иако успешните луѓе имаат некои заеднички карактеристики, тие главно се прашање на став, а не на тоа каде се родиле или какви можности имале во својот живот. Што нѐ враќа кон еден од моите омилени цитати од Хенри Форд: „независно дали мислиш дека можеш, или дека не можеш, во право си.“


Работата во сите овие насоки во бизнисот или занемарувањето на само на една од нив може да биде решавачко дали вашиот успех ќе биде огромен, или ќе добиете минимална поврат на вложеното време и труд. Точно е дека нема волшебно стапче за успех и дека е потребна здрава работа, но планот е испробан и докажан. Форевер е изградена врз принципот дека секој може да ги постигне своите цели, ако е подготвен да работи напорно, а маркетинг планот е патоказот кој ве води. Не сме ли среќници дека во Форевер успехот не е тајна?


Едно од прашањата кои најчесто ми ги поставуваат, е: „Кои се тајните на успехот во нашиот бизнис?“ Мислам дека ова е природно прашање– гледаме како други успеваат и сакаме да разбереме на што се должат нивните постигнувања, за да можеме да ги копираме и да ги надминеме. Како што разговарам со лидерите од целиот свет, има неколку работи кои остануваат константни. Најистакната работа меѓу нив е ставот. Но постојат и други фактори кои ги споделуваат успешните во нашиот бизнис. Не знам дали би ги нарекол „тајни“, но сигурно се важни чекори кон напредокот во работата со Форевер.


Форевер е изградена врз принципот дека секој може да ги постигне своите цели, ако е подготвен да работи напорно, а маркетинг планот е патоказот кој ве води. Не сме ли среќници дека во Форевер успехот не е тајна?


Засекогаш Ваш,
Rex Maughan
CEO, Forever Living Products

Поврзани производи