Ослободување од минатото

Ако е „генијално да го упростиш сложеното“, значи бабунот Рафики е гениј. Повеќето од вас го гледале „Царот лав“ и ќе се сетат на Рафики, кој талка од време на време, за да ги сподели мудроста и своите виду- вања со секој што има желба да го слуша. Во една од сцените Симба се жалеше дека промената е тешка и дека многу долго бега од своето минато. Рамнодушниот Рафики го удира со прачка по главата.


 - Ох, зошто го правиш тоа? – го пра- шува Симба.


 - Не е важно – минало, заминало – одговара Рафики.


 - Да, ама уште ме боли!


 - Минатото може да е болно. Но според мое мислење можеш или да бегаш од него, или да учиш од него.


Ослободување од минатото Минатото е одлична лекција, толку многу можеме да научиме од свои- те искуства. Сите имаме прекрасни спомени, кои нѐ исполнуваат со оп- тимизам и надеж. Но зад себе има- ме и многу грешки и пропусти кои нѐ исполнуваат со страв и сомнежи. Треба да сме внимателни и да не дозволуваме минатите неуспеси да им пречат на идните победи. Знам дека не е лесно. Емоциите од добрите моменти често ни се чинат минливи и премногу кревки, за да бидат уловени. Но за миг сакам да помислите за планинскиот туризам – пеш или со велосипед. Принципот е ист. Добро ги помнам искачувања- та. Тие нѝ одземаат повеќе време и бараат поголем напор, додека возбудливите спуштања се случу- ваат толку брзо, што е тешко да си припомниме. Но ако размислите, изминатото растојание нагоре е сосема истото како тоа надолу. Според мене и во животот е истото. Ако имавме како да ги измериме убавите и лошите моменти, сигурен сум дека вагата ќе се наклони во корист на убавите. Не дозволувајте силниот глас на сомнежот да ја заглуши надежта, присутна во сите нас.


Значи, ако чувствувате неподготве- ност и страв додека го градите биз- нисот и ја оставате својата трага, или ако ви недостига самодоверба заради краток одамна одминат миг – сетете се за Рафики и удрете сами по главата. И не заборавајте… „нема значење – минало, заминало!“


Засекогаш Ваш,



Rex Maughan
CEO, Forever Living Products

Поврзани производи