Промени во Деловната политика

Новите политики обезбедуваат уште поголеми предности за нашите сопственици на Форевер бизнис! Направивме неколку промени поврзани со квалификацијата за бонус „Скапоцени камења“, програмата Менаџер ОРЕЛ во категоријата „Скапоцени камења“ и издигнувањето до ниво Менаџер. Овие нови правила ќе ви помогнат да заработите поголеми бонуси и ќе им помогнат на вашите тимови да растат. Подгответе сѐ да ги споделите овие одлични измени со сите во вашиот тим.


Сега ќе имате два начина да се квалификувате за бонусот „Скапоцени камења“ – преку новата програма Менаџер ОРЕЛ за категоријата „Скапоцени камења“, или со 9/17/25 одделни Менаџерски структури во длабочина со најмалку 25 б. Измените во програмата ОРЕЛ за Менаџерите „Скапоцени камења“ ќе им обезбедат на овие лидери подостапен начин да се квалификуваат за учество на Средбата на Менаџерите ОРЕЛ и ќе им дадат можност со ова постигнување автоматски да се квалификуваат и за добивање на бонусот „Скапоцени камења“.


И на крајот – сега сопствениците на Форевер бизнис ќе можат да се издигнат до ниво Менаџер на два начина: со 120 лични и не-менаџерски бодови во рамките на еден или два последователни месеци, или со 150 лични и не-менаџерски бодови во рамките на три или четири последователни месеци.


Објаснување на промените во деловната политиката


Менаџер ОРЕЛ од категоријата „Скапоцени камења


Менаџерите „Скапоцени камења“ („Сафир“ и нагоре) можат да се квалификуваат како Менаџери ОРЕЛ на пониско ниво во категоријата „Скапоцени камења“. Ако на пример Менаџер „Дијамант“ има шест Менаџери ОРЕЛ во мрежата надолу, тој/таа ќе се квалификува како Менаџер ОРЕЛ „Сафир“. Сопственик на Форевер бизнис кој се квалификува како Менаџер ОРЕЛ „Сафир“, „Дијамант-Сафир“ или „Дијамант“, автоматски ќе се квалификува и за добивање на соодветно 1%, 2% или 3% бонус „Скапоцени камења“, во државата на место на живеење, за сите дванаесет месеци од мај натаму, во кои тој/таа е квалификуван/а за добивање на лидерски бонус. Ако Менаџер „Скапоцени камења“ се квалификува како Менаџер ОРЕЛ „Скапоцени камења“ на ниво пониско од неговата/нејзината реална позиција во категоријата „Скапоцени камења“ (т.е. Менаџер „Дијамант“ кој се квалификува како ОРЕЛ „Сафир“), тој/таа ќе го добива процентот на бонус „Скапоцени камења“, соодветен на неговата/нејзината квалификација за ОРЕЛ, со исклучок на месеците во кои тој/таа се квалификува за добивање на повисок процент, како што е опишано во политиката за бонус „Скапоцени камења“ (види раздел 9 од Деловната политика). 


Оваа политика стапува на сила веднаш, за да може секој СФБ кој се квалификува како ОРЕЛ „Скапоцени камења“ до крајот на април 2018 год., да има право да започне да добива бонус „Скапоцени камења“ од почетокот на мај 2018 год.


Ова е одличен поттик за Менаџерите „Скапоцени камења“ да си постават за цел да се квалификуваат во програмата Менаџер ОРЕЛ. Бонусот „Скапоцени камења“ може значително да го зголеми вкупниот  месечен доход.


Квалификација за бонус „Скапоцени камења


Од мај 2019 год. веќе нема да можете да се квалификувате за бонус „Скапоцени камења“ со 9, 17 и 25 Активни Менаџери на прва линија. По овој датум, квалификацијата за бонус „Скапоцени камења“ треба да биде направена или преку програмата Менаџер ОРЕЛ за категоријата „Скапоцени камења“, или со 9/17/25 одделни спонзорирани структури во длабочина, секоја со Активен Менаџер кој реализирал 25 или повеќе вкупни бодови.


Четири-месечна квалификација за Менаџер


Ниво Менаџер се постигнува со генерирање на вкупно 120 лични и не-менаџерски бодови во рамките на еден или два последователни календарски месеци, или на вкупно 150 лични и не-менаџерски бодови во рамките на три или четири последователни месеци.              


Оваа политика стапува на сила во февруари 2018 год., што значи дека сопствениците на Форевер бизнис можат да ги искористат бодовите од декември + јануари + февруари или од декември + јануари + февруари + март за новата можност за квалификација со 150 б.


Ако имате прашања или ви требаат повеќе информации, ве молиме да ја контактирате канцеларијата на Форевер Македонија. 


 


 


 

Поврзани производи