Се издигнуваме заедно

Идејата ми дојде во декември – да си поставиме значајна цел да спакуваме еден милион порции во 2017 г. и да ви упатиме предизвик на вас – сопствениците на Форевер бизнис во целиот свет, да се вклучите! Со задоволство сакам да ви соопштам дека во јули ја остваривме целта! Со настани за пакување на храна во САД, Азија, Европа, Африка и на Глобалното рели во Дубаи успеавме да го постигнеме тоа што на почетокот на годината нѝ се чинеше речиси невозможно – за малку повеќе од половината предвидено време. Еден милион порции храна за малку повеќе од шест месеци, зарем не е извонредно?


Дел од мене жали што не си поставивме повисока цел! Но бизнисот секогаш бил дел од мојот живот и знам дека е важно човек да е задоволен од постигнатото и да ги слави успесите. Но славењето не значи дека го забавуваме темпото. Ако го познавате Рекс, знаете дека тој одамна го исфрлил изразот „го забавувам темпото“ од речникот на Форевер!


Тимот ми кажува дека во следните месеци се планирани уште дузина настани за пакување на храна. Тие ќе додадат уште стотици илјади порции на веќе неверојатниот вкупен износ. Еха! Колку сите помагате за олеснување на животот на толку многу луѓе! Ако сѐ уште не сте имале можност да учествувате во пакување на храна за „Да се исправиме против гладот“, поврзете сè со канцеларијата во вашата држава и разберете како можете да се вклучите. Помислата дека следниот човек кој ќе ја допре тукушто спакуваната од вас храна, ќе е тој кој има најголема потреба од неа, е многу влијателна. Уште една причина да се биде #ForеverProud. Сакам да упатам предизвик кон секој од вас да го користите нашето успешно партнерство со „Да се исправиме против гладот“, за да размислите убаво за целите кои си ги поставувате. Ако се устремите кон јасна цел, во конкретна насока, и систематично работите за приближување кон неа, резултатите ќе ве изненадат. Често пати, дури и да се промениш сосем малку, ако си фокусиран, можеш да постигнеш многу. Неверојатно сум горд што сум дел од компанија, од глобално семејство кое може директно да помогне на толку многу луѓе, само со поставување на цел и заедничка работа за нејзино постигнување. Што мислите, имаме ли смелост да го зголемиме планираното за 2017-та до милион и половина порции храна?


Не престанувајте да се смеете,

Gregg Maughan
President, Forever Living Products

Поврзани производи