Глобалната социјална мрежа

Денес располагаме со толку многу канали за комуникација и изразување. Не тврдам дека ги знам сите, но имам внуци и имам претстава што се твитови и дека можеш да научиш повеќе за сопствениците на Форевер бизнис од десет минутно следење на Инстаграм, отколку од десет часовна средба на раководниот тим! И сето тоа, пред воопшто да си влегол на Фејсбук или Снапчат. Ја сакам технологијата и мислам дека за нашата индустрија е многу благодатна. Денес се слуша гласот на милиони, бидејќи паметни мажи и жени од целиот свет имаат смелост да ги создаваат и користат сите овие неверојатни технологии.


Додека го развиваме бизнисот, и во личниот живот, комуницираме и се „соочуваме“ со многу луѓе. Овие интеракции обично се најдоброто од она што нѝ се случува, и сега имаме шанса да ги споделиме искуствата и согледувањата преку овој огромен број на нови канали за комуникација. Претходно бевме повеќе ограничени. Ако сакавме да раскажеме приказна, требаше да го правиме лично и тоа со слика отпечатена на хартија или во најдобриот случај, со колекција од 35-милиметарски диапозитиви!


 


Со својата нова глобална публика не треба да заборавиме да бидеме внимателни што кажуваме и како го кажуваме. Ве молам како  сопственици на Форевер бизнис да бидете сигурни дека секоја ваша публикација е во согласност со нашите политики, но уште поважно – да е во согласност со самите вас, со вашата природа. Понекогаш нѐ молат да се занимаваме со публикација или коментар кои засегнале некого. Во повеќето случаи тоа не е намерно, но причинетата болка е вистинска и трајна.


 


Не е реално да мислиме дека може да ја доведеме до совршенство вештината да го користиме овој нов глобален мегафон. Но мислам дека е во наша моќ да ги подобруваме своите способности. Од моите опсервации на следните правила, сајбер просторот на Форевер до голем степен ќе се претвори во попријатно место. Знам дека ќе ви се сторат малку нетрадиционални, но сигурен сум дека ако се вратите назад на моментот кога сте биле навредени или вие сте навредиле некого, ќе установите дека сте можеле да го избегнете тоа, ако сте се придржувале на овие принципи.


 


1. Не пишувајте ништо по полноќ.


2. Не пишувајте на социјалните мрежи кога сте лути.


3. Не пишувајте ништо што не би му рекле на човек лице в лице.


4. Не пишувајте работи кои не би ги ставиле во рамка на ѕидот на вашето дете.


Правилата се строги, но со глобалното распространување доаѓа и глобалната одговорност.


Во ова време на годината во САД упатуваме благодарност и јас сум благодарен за чудото наречено интернет – му благодарам на секој од вас кој одвојува од времето за да напише позитивна критика, да одговори на нечие прашање или да публикува корисно видео. Благодарен сум на вас – сопствениците на Форевер бизнис. Не престанувам да се восхитувам на вашата добрина и посветеност еден кон друг.


Вo нашиoт свет полн со превирања, вие сте зрак надеж за секоја држава, секој народ и секоја култура. Ви благодарам за непресушната поддршка. Благодарен сум на Форевер – нашата исклучителна компанија, која им  дозволува на обичните луѓе како мене да доживуваат необични работи.


 


Пријатно објавување и честит Ден на благодарноста.


 


Засекогаш Ваш,





Rex Maughan
CEO, Forever Living Products