Тајната на успехот

Обожавам да работам со прекрасните пријатели во Форевер – без разлика дали се вработени во нашите канцеларии ширум светот, директори, сопственици на Форевер бизнис или членови на Глобалниот лидерски тим. Многу ги ценам овие важни и моќни взаемни односи, бидејќи придонесоа нашата компанија да се оформи таква, каква што е денес.


Неодамна во централната канцеларија на Форевер во Аризона имавме неколкудневни средби со нашиот Извр- шен глобален лидерски тим. Ролф и Доминик, Џон и Џејн, Беки и Габи нѝ помогнаа да донесеме некои одлуки и ни дадоа совети во однос на нашите планови за иднината. Фантастично е да имаме можност да го слушнеме ми- слењето и идеите на најдобрите градители на мрежи вo светот не само во нашата компанија, туку и во целата наша индустрија. Како што веќе кажав, високо ги цениме овие взаемни односи и сме им благодарни за примерот и за нивната желба да одделат од нивното време и та- лентот. Форевер е единствена во тој однос, верувајте ми! Сите наши лидери се исклучително посветени на иднина- та на Форевер и начинот на кој работиме. За време на нашите разговори, сѐ повеќе се убедивме дека и покрај тоа што одлично се справуваме и поставу- ваме нови рекорди низ целиот свет, има уште толку многу да се направи. Графиконите се тесни за потенција- лот на Форевер и ние, сите ние, треба да сфатиме дека едвај сме допреле до мала честичка од сѐ што е можно да постигнеме на светскиот пазар. Имаме исклучително дарежлив и праведен маркетинг план и докажани чисти и ефикасни производи. Не гледам причина зошто секое домаќинство ширум светот да нема корист од нивната употреба. Кога ќе погледнете така на работите, разбирате уште колку многу работа имаме! Многумина од оние што се вклучуваат во бизнисот го бараат клучот кон успехот. Зборуваат со нашите лидери, учествуваат и ги гледаат сите обуки до кои можат да дојдат, за да се обидат да го откријат она ЕДИНСТВЕНО нешто кое ќе им го гарантира успехот. Која е тајната? Мислам дека повеќето од вас веќе разбрале дека тајна нема. Всушност нашите најуспешни лидери и оние кои брзо изградиле голем, стабилен бизнис, тоа го постигнале преку копирање на истите основни дејства кои ги прет- ставуваме на секој нов сопственик на Форевер бизнис од самиот почеток. Продавајте ги производите. Претворете се во производ на производите. Спонзорирајте по двајца нови луѓе месечно и учете ги да го прават истото. И така натаму, и така натаму. Не е сложено. Всушност едно од најубавите нешта во нашиот бизнис е токму таа еднос- Тајната на успехот Обожавам да работам со прекрасните пријатели во Форевер – без разлика дали се вработени во нашите канцеларии ширум светот, директори, сопственици на Форевер бизнис или членови на Глобалниот лидерски тим. Многу ги ценам овие важни и моќни взаемни односи, бидејќи придонесоа нашата компанија да се оформи таква, каква што е денес. тавност. Но овие едноставни нешта треба да се прават ПОСТОЈАНО. Минатиот месец седев до Рекс за време на Форевер до- живувањето, како што ја нарекуваме обиколката и обу- ките во централната канцеларија во Скотсдејл, и тој се наведна кон мене и рече: „Денес сум возбуден исто толку, колку и пред 40 години, кога го започнувавме бизнисот!“ 100% сум согласен. Во моментот нашиот потенцијал за раст е неверојатен! Искрено верувам (и нашите лидери во цел свет исто се согласни), дека со посветеност, упорност и последовател- ни активности можеме да го удвоиме нашиот бизнис. Сo нетрпение очeкувам да ве видам во Дубаи!


Не запирајте да се смеете,



Gregg Maughan
Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Поврзани производи