СОВЕТИ ЗА ДА ГО ОДРЖИТЕ ДИГЕСТИВНОТО ЗДРАВЈЕ

Имате прашања во врска со дигестијата?

Секоја година претставуваме неколку трендови во исхраната, како и предлози која храна е добра во секојдневната исхрана. Дали е со глутен или без? Дали е хранлива или не? Тешко е да се биде во тек! И покрај постојаните дебати која храна треба да се јаде, а која да се избегнува, останува фактот... без оглед на сите истражувања за исхраната, нашиот дигестивен систем останал непроменет. Како што ги менуваме навиките согласно предлозите за здрава исхрана, не смееме да заборавиме колку е важно здравјето на дигестивниот систем. Еве неколку интересни факти кои ќе ви помогнат да ги донесете правилните одлуки за вашето тело! Добрите бактерии можат да ви помогнат: многу видови храна се составени од живи организми – познати и како пробиотици. Балансирањето на нивото на здрави микроби во нашиот систем значи природен и здрав дигестивен систем. Пробиотиците ги има во разни видови храна, како што се јогуртот, млекото, меките сирења, киснат леб, па дури и во чоколадата. Правилна дигестија и губење на тежината одат рака под рака. Полека и сигурно освојувајте ја трката! Детоксификацијата или прочистувањето на телото е важна помош во подобрувањето на вашиот дигестивен систем. На нашите тела им е потребно одвреме-навреме да поминат низ процесот на прочистување. Храната може да поттикне здрава дигестија: дигестивниот систем е дизајниран да ја претвори храната во енергија и да ги екстрахира витамините и минералите за телото да може оптимално да функционира. Потпомогнете го вашиот дигестивен систем со балансирана исхрана, тоа ќе го подобри и апсорбирањето на хранливите материии. Зелениот зеленчук им помага на клетките правилно да функционираат. Храната како лукот и ѓумбирот ви помага во борбата против инфекциите, лошите бактерии и вирусите. Зошто влакната се толку важни? Како што ја консумирате храната, влакната ви помагаат да го исфрлите отпадот од телото. Кога ќе ја намалите количината на отпад во телото, ќе ги елиминирате и отровите, а со тоа ќе ги намалите и можностите за заболувања на дигестивниот систе. Топлите пијалаци ја подобруваат дигестијата. Има причина зошто во рестораните после оброк, секогаш нудат топол пијалак. Без оглед дали е во текот на јадењето или после оброкот, топлата вода и чајот се одличен начин да се зајакне дигестивниот систем. Билки кои го поттикнуваат дигестивниот систем се камилица, нане и цимет.

Поврзани производи