ОСЛОБОДЕТЕ ЈА МОЌТА НА ЧУВСТВАТА

Многу луѓе не знаат дека есенцијалните масла се користат со илјадници години. Всушност, тие се познати како некои од најстарите и најмоќни супстанци на светот!

Старите цивилизации, од Рим до Кина ги употребувале за правење парфеми и древни лекови. Често ги употребувале во спиритуални и ритуални цели. Хиероглифите кои содржат рецепти за екстрахирање масла се најдени на ѕидовите на Египетските храмови и некои добро сочувани масла се најдени во тегли од алабастер во гробницата на кралот Тут. Со текот на времето, најголемиот дел од примената на есенцијалните масла бил заборавен. Се до почетокот на 20-тиот век кога луѓето повторно почнале да ја откриваат нивната намена. Денес, современите научници одвај почнуваат да ги откривааат корисните својства кои ги нудат есенцијалните масла. Есенцијалните масла се концентрирани, ароматични течности екстрахирани по пат на дестилација од цветови, лисја и корења на билки, плодови и дрвја. Секое масло содржи своја сопствена мешавина на активни состојки. Секоја различна мешавина од есенцијални масла има своја терапевтска намена. Современите истражувања почнуваат да сфаќаат како всушност функционираат есенцијалните масла. Неколку студии покажаа како нашето чувство за мирис може да ја одигра својата улога. Рецепторите за мирис се лоцирани во задниот дел на носната шуплина (позната како систем за мирис), и се поврзани директно со лимбичкиот систем во мозокот. Рецепторите му сигнализираат на мозокот да ги контролира нивоата на невротрансмитерите како што се серотонинот и допаминот. Комуницирајќи директно со овие делови од мозокот, есенцијалните масла може да влијаат на физичкото, емоционалното и менталното здравје. На пример, научниците веруваат дека лавандата ја стимулира активноста на мозочните клетки да предизвикаат опуштање. Секое масло содржи своја типична мешавина од активни состојки кои му помагаат да комуницира со телото и да создаде поволни ефекти. Активните состојки се клучните аспекти на маслото, и може да бидат под влијание на различни фактори. Некои фактори вклучуваат: делот од растението од кој е произведено маслото, состојбата на почвата, географскиот регион, климата, надморската висина, сезоната на берење, ѓубривата и процесот на дестилација. Форевер Ливинг Продуктс работи со тим од научници, фармери, арома-терапевти и ботаничари, и патуваат низ целиот свет за да ги најдат најчистите масла во природата. Форевер Етерични масла се одбрани, набрани и произведени со најголем квалитет. Минералната содржина, климата и трајноста се земаат во предвид кога се избира локацијата на која ќе бидат засадени внимателно одбраните рстенија кои ќе ги употребат во Форевер Есенцијални масла. По собирањето, есенцијалните масла се екстрахират од внимателно одбрани растенија, по пат на парна дестилација и студено пресување. Одбраниот дел од растението и техниките за екстракција кои се употребуваат се единствени за секој тип на есенцијално масло. За да се осигура квалитетот на секој производ, секоја капка од еценцијално масло минува низ строга контрола. Тимовите кои имаат долгогодишно искуство во одгледување, култивирање и произведување на есенцијални масла го прегледуваат секое растение за време на жетвата и во текот на процесот на дестилација, со помош на органолептичка потврда и други физички тестови за да се потврди квалитетот на маслата. Во продолжение, се прават лабораториски анализи со гасна хроматографија од екстрахираните масла. Нашиот процес овозможува секоја капка од есенцијалните масла да ги задоволува квалитетите на Форевер. Форевер Ливинг Продуктс ви ја ставаат на дланка моќта на природата. Дишете со мирисите на Форевер Етерични масла и имајте корист од некои од најстарите и најмоќни супстанци на земјата. Форевер отвора нови можности за нивна намена кои биле речиси изгубени... откријте ги корисните својства на Форевер Етерични масла, и нарачајте го својот пакет денес!

Поврзани производи