ЗАЕДНИЧКА РАБОТА ЗА ДА СЕ ЗАПРЕ ГЛАДТА ВО СВЕТОТ

Со цел да се спакуваат речиси 300,000 оброци за гладните, Форевер Гивинг се здружи со Запри ја гладта сега и Форевер Ливинг Продуктс за да го создадат највозбудливиот добротворен настан досега.

Со цел да се спакуваат речиси 300,000 оброци за гладните, Форевер Гивинг се здружи со Запри ја гладта сега и Форевер Ливинг Продуктс за да го одржи највозбуливиот добротворен настан. Почнавме со 5К квалификуваните кои со ентузијазам ни помогнаа да ја организираме забавата! Со повеќе од 13 тони ориз, 6 тони соја, 1 тон зеленчук и витамини, и уште 2 тона материјал за пакување, требаше да се заврши многу работа! Не можевме да одбереме подобра група за да ни помогне на почеток. Беа енергични и дарежливи, грижливо подготвувајќи со секој оброк. Дури и ни помогнаа да регрутираме и да инспирираме и други сопственици на Форевер бизнис да ни се придружат кон крајот на неделата. Имавме голема поддршка, повеќе од 1200 волонтери дојдоа да помогнат да ја оствариме нашата цел! Сите што учествуваа сакаа да направат нешто и беше навистина инспирирачки да се гледа како нашите членови на Форевер Ливинг семејството работат заедно за да помогнат да се запре гладта во светот! За време на нашето Глобал Рели шоу, бевме во можност на Стоп за гладта сега да им доделиме чек од 95 000 долари за да продолжат со својата неверојатна работа. Среќни сме што добивме толку голема поддршка и многу сме возбудени кога ќе помислиме дека токму сега оброк кој е подготвен од Глобал Рели можеби храни некое гладно дете во Камбоџа или прегладнето семејство на Филипините. Тоа е само доказ дека кога работиме заедно, навистина можеме да направиме разлика!