Твојата најдобра верзија

Додека Рекс зборуваше за време на средбата на Менаџерите „Орел”, ја посматрав реакцијата на членовите на Глобалниот лидерски тим. Можев да ги видам емоциите и влијанието на видеото со Рекс врз нив. Се разбира дека не можам да читам мисли и не знам што точно мислеа, но ако размислуваа исто како мене, тие тивко ќе се посветат да постигнат повеќе и да бидат подобри.  Тие ќе бидат исполнети со гордост што се дел од компанија која е посветена да ги прави работите онака како што е правилно.


Рекс рече: „Научив дека цврстите принципи и основните верувања немаат краен датум на „продажба”. Никогаш не е старомодно да бидеш добар со другите, да ги почитуваш своите обврски и да се однесуваш кон луѓето така како што сакаш да се однесуваат кон тебе”.


Видеото не беше епска холивудска презентација, немаше гласна музика, танчери или пиротехничари. Едноставна снимка од Рекс во неговата канцеларија и споделување на неговите искрени совети на нашите Форевер Глобални лидери.


Па, како ова едноставно видео може толку да нѐ инспирира?


Верувам дека одговорот лежи во оваа едноставна реченица; "Бидете најдобрата верзија на себе!" Овој израз е толку присутен што не сум сигурен за кого е кажан првиот пат, но пораката е јасна.


Рекс секогаш се стреми да биде најдобар што може. Тој не оди по скратени патеки во било кој аспект од неговиот живот и тоа го покажува. Значи исто како Рекс, застанете над другите со гордо исправена глава и раменици и бидете најдобрата верзија на себе.


Како ова функционира? Почесто сме свои најлоши критичари. Знаеме кога не сме го дале својот максимум. Знаеме кога би можеле да направиме уште еден телефонски повик, да останеме уште малку време и да слушаме повнимателно. Нема потреба другите да нѝ кажуваат, ние инстинктивно знаеме кога одиме по пократки патеки. Брилијантни, инспиративни лидери не одат по скратени патеки. Тие се комплетно внесени, целото време!


Значи, ако судијата во огледалото е задоволен со вашите напори, јас ви ветувам дека кога ќе дојде времето вие да водите и инспирирате, нема да ви бидат потребни танчери или пиротехничари. Ќе ги насолзите моите очи.


Продолжете да се смеете,



Gregg Maughan
President, Forever Living Products

Поврзани производи