Forever Active Probiotic®

Forever Active Probiotic® е направен по ексклузивна, патентирана технологија која херметички ги штити пробиотиците.

Forever Active Probiotic® е единствената стабилна капсула со 6 видови пробиотици во форма на бисер на пазарот, и нема потреба од чување на ладно. Најдоброто е тоа што одлично функционира во тандем со нашиот патентиран Aloe Vera Gel .

30 капсули во форма на бисер
  • го олеснува варењето и апсорпцијата на корисни материи од храната
  • специјалната капсула е отпорна на желудочната киселина за корисните бактерии да стигнат таму каде што се неопходни
  • уникатна комбинација од 6 корисни видови на бактерии
  • нема потреба од чување во ладилник

Зборот „микроба“ според речникот означува „минијатурна форма на живот, микроорганизам“. Човечкото тело е дом на илјадници микроби. Тие живеат во нашата кожа, во нашата уста, во целиот наш систем на варење.

Некои од нив се штетни, но повеќето се корисни. „Добрите бактерии“ се нарекуваат „пробиотици“. Нивното име доаѓа од грчките зборови: „про“ што значи „за“, а „биос“ – живот.
Дефиницијата за „пробиотици“, според Американската организација за храна и земјоделско стопанство е: „живи микроорганизми, кои во определено количество имаат позитивен ефект врз здравјето на организмот кој го конзумира.“

Форевер Ливинг Продактс ја согледува важната улога која корисните микроби ја имаат за човечкото здравје и потребата од нивното регенерирање преку пробиотска терапија. Создаден за одржување на системот за варење во добра состојба, Forever Active Probiotic®  ни дава можност да го надминеме дисбалансот предизвикан од лошите навики во исхраната, кои неизбежно водат до намалување на количеството на корисните бактерии во нашиот организам. Во системот за варење живеат милијарди микроорганизми, како „лоши“, така и „добри“, а нивното заедничко име е цревна флора. Нејзиниот баланс е клуч за правилното функционирање на системот за варење и во голема мера на имунитетот. Колку повеќе ги има корисните бактерии, толку помалку ќе ги има штетните.

Forever Active Probiotic® е мала капсула со форма на бисер, која можете со леснотија да ја голтнете, каде и да се наоѓате. Основното дејство на пробиотикот е во дебелото црево, каде што го олеснува процесот на апсорбирање на храната и придонесува во одделувањето на хранливите материи кои  му се потребни на организмот, за тие да бидат подобро апсорбирани. Корисните бактерии кои се содржат во Forever Active Probiotic® помагаат за нормалниот раст и развој на човекот, така што го одржуваат балансиран и здрав системот за варење.

Пробиотикот на Форевер содржи шест вида корисни бактерии, кои се вбројуваат во  редовите на лактобацилите и бифидобактериите. Тоа се:

Лактобацилус ацидофилус – ги апсорбира несаканите микроби и ги спречува да се размножуваат.
Бифидобактериум лонгум – ги отстранува штетните бактерии и ги намалува стомачните  проблеми.
Бифидобактериум лактис – помага во намалување на киселоста (pH) и го намалува размножувањето на несаканите микроорганизми.
Лактобацилус рамнозус – го штити стомачно-цревниот тракт и ги спречува штетните
микроорганизми да се задржат во него и да предизвикаат проблеми.
Лактобацилус булгарикус – ги одржува чистотата и балансот на тенките црева.
Лактобацилус плантарум – ги заштитува клучните хранливи материи, витамини и антиоксиданти, за да се спротивстават на несаканите состојки на храната која ја  конзумираме.


Според научните истражувања, бифидобактериите ја балансираат цревната флора, штитат од дијареа, ја олеснуваат констипацијата, спречуваат различни инфекции, ги потпомагаат имунолошките функции и ја зајакнуваат коскената структура. Веќе нашироко е познато дека внесувањето на бифидобактериите како додаток на исхраната е многу важно. Но производите кои се нудат на пазарот како храна и пијалоци збогатени со бифидобактерии за жал не ги доставуваат корисните микроорганизми таму каде што тие всушност се потребни. Овие микроорганизми се многу чувствителни и стомачната киселина целосно ги уништува. За да имаат благотворен ефект врз нашето тело, тие треба да стигнат живи до цревата.

Затоа Форевер Ливинг создаде уникатна капсула, отпорна на киселина, која ги заштитува корисните микроби и ги пренесува низ желудникот без да се растопи. Капсулата е направена од глицерин и пектин, кои се отпорни на високата киселост во желудникот, но се лесно растворливи во неутралната средина на цревата. Капсулата на Форевер има и внатрешен заштитен слој, изграден од тврди растителни масти, кој дополнително ја зајакнува отпорноста кон желудочната киселина и го контролира растворањето на обвивката во дебелото црево.

Forever Active Probiotic® содржи шест вида корисни бактерии и нема потреба да се чува во ладилник.

 

*Забелешка:  Содржината на производот, формулите и состојките, објавени на оваа веб страна, се базирани на американските закони и регулативи, кои може да се разликуваат во зависност од производот што се продава во согласност со локалните закони и прописи на земјата увозничка


 

Една капсула дневно на гладно или два часа по оброкот. Да не се џвака.

Забелешка: ДА СЕ ЧУВА НА ТЕМПЕРАТУРА ПОД 27 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИ. Овој производ содржи природни состојки, затоа промените на боите се нормални.

*Забелешка:  Содржината на производот, формулите и состојките, објавени на оваа веб страна, се базирани на американските закони и регулативи, кои може да се разликуваат во зависност од производот што се продава во согласност со локалните закони и прописи на земјата увозничка

За повеќе информации за Forever Active Probiotic® изберете го линкот подолу:

Информации за производот Forever Active Probiotic®